Compressor Stations |
|
|
Елементи за компресорски станици |
|
|
Резервоари за компримиран воздух со V= 0,5-25 [m3]
Хоризонтална изведба
Резервоарите за компримиран воздух се користат во склоп на компресорски станици за обезбедување на доволна количина на воздух со потребниот притисок. Се изработуваат во хоризотална и вертикална изведба, опремени се со сите потребни приклучоци за мерно регулационата опрема(пресостати,сигурносен вентил,термоманометар,импулсен вод,довод/одвод на воздух,испуштање на кондензирана течност.) Од навроешната страна се заштитени со минимум и се премачкани со сина лак боја. Резервоарите за воздух се изработуваат со големина до 20m3 и работни притисоци до 60 bar. |
|
|
|
Резервоари за компримиран воздух со V= 0,5-25 [m3]
Вертикална изведба
Резервоарите за компримиран воздух се користат во склоп на компресорски станици за обезбедување на доволна количина на воздух со потребниот притисок. Се изработуваат во хоризотална и вертикална изведба, опремени се со сите потребни приклучоци за мерно регулационата опрема(пресостати,сигурносен вентил,термоманометар,импулсен вод,довод/одвод на воздух,испуштање на кондензирана течност.) Од навроешната страна се заштитени со минимум и се премачкани со сина лак боја. Резервоарите за воздух се изработуваат со големина до 20m3 и работни притисоци до 60 bar. |
|
|
|
Колектор за воздух
Колекторите за воздух се во цилиндрична форма , кружен пресек странично затворени со две сферични данца. Се употребуваат за централно управување и транспортирање на компримиран воздух на поедини одвоени потрошувачи споени на заедничка компресорска станица. Се изработуваат за притисоци од 10, 16, 33 bar. Исто така се изработуваат помали како и поголеми големини во зависност од потребите на клиентот. |
|
|
|
Фин одвојувач на масло и вода
Фините одвојувачи на масло и вода се челични цилиндрични садови. Со поминувањето на компримираниот воздух низ финиот филтер , се врши механичко прочистување на воздухот, а истовремено се одвојуваат маслените пареи кои не кондензирале.Механички изведениот кондензант се собира на долниот дел од филтерот каде што се наоѓа и приклучокот за одвор на кондензаторот. Овие филтри се употребуваат на оние места каде што има специјални потреби во поглед од чистината на комприниран воздух.Се поставуваат во склоп на компресорка станица, или во разводни делови на постројките каде што има потреба од чист воздух. Се употребуваат за притисоци од 8,9,10,15,33 bar , но исто така може да се изработат и филтри по потреби на самиот клиент.Садовите се испитуваат за непропусливост на варовите со вода на притисок кој што е 30 % поголем од погонскиот притисок. |
|
|
|
Груб одвојувач на масло и вода
Грубите одвојувачи на масло и вода се челични цилиндрични садови. Со поминувањето на компримираниот воздух низ грубиот филтер се врши грубо одвојување на капките масло и вода од компримираниот воздух, кој се поставува со нагла промена на смерот на струење на воздухот. Се вградуваат во компресорски станици каде што се заштитени со сигурносен вентил. Се употребуваат за притисоци од 8,9,10,15 bar, но исто така се изработуваат и по потреба на клиентот. |
|
|
|