Парен котел BKG 80a Распределители на пареа со работен притисок од 12 bar Топловоден котел BTK 300 Блок котел BVP 500 за производство за сувозаситена пареа
 
За Компанијата

 
  • Историја
  • ДМБ денес
  • Технички капацитети и опрема
  • Филозофија и визија
  •  

    Историја

    Основана во 1953 година како фирма за монтажа на електрични и водоводни инсталации и системи за централно греење, компанијата постепено се развива во производител на:

    • Садови под притисок
    • Индустриски котли и бојлери
    • Резервоари за различни медиуми како : тешки и лесни горива, хемикалии и вода
    • Изменувачи на топлина
    • Данца

    Паралелно со развојот на производствената дејност, компанијата се шири на пазарите на Балканот, во Русија, Источна Европа и Блискиот Исток, а во поново време и кон пазарите на Европската Унија, а пред се Германија и Италија.
     
     

    ДМБ денес

    Со повеќе од 60 години искуство, денес ДМБ Производство е присутна на пазарот со широка гама на производи наменети за индустриите кои користат: садови под притисок за пропан бутан, течен CO2, компримиран кислород и други медиуми; данца во различни форми и димензии; различни видови на индустриски котли; резервоари за складирање на медиуми без притисок; ресивери за нискотемпературни медиуми; бојлери; разменувачи на топлина и филтри за третман на напојни и отпадни води.

    Покрај стандардното производство, компанијата е препознатлива и по своите технички капацитети за изработка на производи по мерка на клиентите, според дизајни на самите клиенти или со изготвување на  целосни решенија од дизајн, преку изработка до инсталација на различни видови на опрема за процесната индустрија, како:

    • Компресорски станици
    • Котларници и други видови системи.

    Компанијата ДМБ Производство изработува производи и решенија за водечки компании од нафтената, прехрамбената, фармацевтската и други индустрии.
    Сите производи на ДМБ подлежат на интерна контрола, која ја извршува квалификуван и сертифициран персонал и која, во зависност од стандардот на производот, е предмет на следните испитувања:

    • Радиографско испитување (RT)
    • Ултразвучно испитување (UT)
    • Испитување со течни пенетранти (PT)
    • Испитување со магнетни честички (MT)
    • Визулено и димензионално испитување (VT)
     
     

    Технички капацитети и опрема

    На вкупна внатрешна и надворешна површина од 40.000м2, ДМБ располага со повеќе производни хали, од кои и еден двоборден погон со димензии 45x110м кој овозможува истовремено одвивање на повеќе технолошки процеси.
    Опремата на ДМБ е од реномирани производители како Messer Griescheim, Esab, Kpautkromer, Jena, Philips, Cooperheat, Demag.

    За изработката на производите и решенијата кои ги нуди фирмата се грижи екипа од 120 лица, составена од инженери, техничари, сертифицирани заварувачи и други високо квалификувани и обучени работници.
     
     

    Филозофија и визија

    Приоритетите во развојот на  ДМБ Производство се фокусираат на напорите за што повисок степен на задоволување на барањата и очекувањата на клиентите од аспект на квалитет, цени и рокови, истовремено запазувајќи ги потребите на вработените, на општествената заедница и животната средина.

    Поради тоа ДМБ Производство континуирано работи на подобрувањето на производите и услугите кои им ги нуди на своите клиенти, а менаџерскиот тим на компанијата посветува особено внимание на исполнувањето на високите меѓународни стандарди за безбедност на производите.
     

     
     
     
     
    НАШИ ПРОИЗВОДИ
     
    Садови под притисок
    Индустриски котли и бојлери
    Резервоари за различни медиуми
    Разменувачи на топлина
    Данца
    Филтри за преработка на вода