Парен котел BKG 80a Распределители на пареа со работен притисок од 12 bar Топловоден котел BTK 300 Блок котел BVP 500 за производство за сувозаситена пареа
 
Резервоари за различни медиуми

Производство на резервоари за лесни и тешки течни горива

За складирање на горива се користат резервоари кои што можат да бидат во хоризонтална и вертикална положба, во зависност од просторот за сместување и намената.

Хоризонтални резервоари
Хоризонталните резервоари се во цилиндрична форма, странично затворени со сферични данца. Се изработуваат од челични лимови со сите потребни приклкучоци.

Вертикални резервоари
Вертикалните резервоари се изработуваат во цилиндрична, вертикална положба на лице место, со претходно подготвени сегменти во производниот погон. Дното на овие резервоари е во форма на рамна површина, поставена на претходно припремен и изработен бетонски фундамент. Резервоарот е со конусен кров. Се составуваат,заваруваат и монтираат на лице место.

После изработката на овие резервоари се врши испитување на варовите со полнење на резервоарот со обична вода - без притисок. Секој резервоар од надворешната страна е заштитен со премаз за антикорозивна заштита или со слој алуминиумски лим или стаклена волна во зависност од неговата намена. Резервоарите за тешки течни горива се обезбедени со подна греалка во форма на змија и електроштедна греалка.
 
 
  Хоризонтален резервоар за лесни течни горива со V=1 - 100 [m3]

Се употребуваат са складирање на сите видови на лесни течни горива, минерални масла,лесни масла и сл.Формата, главните мерки и големини како и техничките услови за изработка се според МКС MZ3.022 стандардот.
 
  Хоризонтален резервоар за тешки течни горива со V=1 - 100 [m3]

Се употребуваат са складирање на сите видови на тешки течни горива и слични деривати на нафта. Опремени се со елементи за догревање на горивото и тоа: комбинирана електроштедна и медиумска греалка.
 
  Хоризонтален резервоар со дупли плашт со V=1 - 100 [m3]

Се употребуваат за складирање на сите видови на лесни течни горива, минерални масла,лесни масла и сл. Наменети се за подземно вградување, а надворешно се заштитени со хидроизолационен слој.
 
  Овален резервоар со V = 1 - 5 [m3]

Овалните резервоари се употребуваат за складирање на гориво за помали објекти(индивидуални стамбени згради,ресторани и сл) и се поставуваат во подрумски и друг вид на помошен простор. Се изработуваат во овална форма со две рамни данца,а од надвор од надворешната страна се минизираат.
 
  Вертикален резервоар за лесни горива со V=20-2000 [m3]

 
  Вертикален резервоар за тешки горива со V=20-2000 [m3]

 
  Вертикален резервоар за вода, раствори на вода со V=20-2000 [m3]

 
 
 
НАШИ ПРОИЗВОДИ
 
Садови под притисок
Индустриски котли и бојлери
Резервоари за различни медиуми
Разменувачи на топлина
Данца
Филтри за преработка на вода