Парен котел BKG 80a Распределители на пареа со работен притисок од 12 bar Топловоден котел BTK 300 Блок котел BVP 500 за производство за сувозаситена пареа
 
Индустриски котли и бојлери

ИНДУСТРИСКИ КОТЛИ

ДМБ произведува стандардизирани и по мерка индустриски парни, вреловодни и топловодни котли, ложени со сите видови течни и гасовити горива.
Техничките карактеристики на котлите обезбедуваат брза циркулација на водата и брзо движење на пареата. Топлината генерирана од горивото брзо се претвара во пареа и овозможува потенцијални енергетски заштеди.

Котлите се изработуваат во лежечка цилиндрична изведба со три промаи на чадните гасови: пламеница (ложиште) и два премина  низ чадните цевки. Со ваквото водење на чадните гасови се постигнуваат ниски температури на чадните гасови на излез и висок степен на искористување.

Ложиштето е оптимално димензионирано за постигнување на потполно согорување.

 
  Блок котли тип BKG 1,5 – BKG 200

Производство на сувозаситена пареа од 150-25 000kg/h, со работен притисок Pr=13 bar Капацитет од Q=1-14MW, Димензија dØ = 970-4000mm.
Котлите се изработуваат во лежечка цилиндрична изведба со три промаи на чадните гасови: пламеница(ложиште) и два премина се низ чадните цевки.
 
  Блок котли тип: BVP, BVV, BTV, BNP 250-2000

Котлите се користат за производство на сувозаситената пареа и топла/врела вода ложени на сите видови на горива. Се изработуваат во лежечка цилиндрична изведба со три промаи на чадните гасови: пламеница(ложиште) и два премина се низ чадните цевки.

Тип BVP – Котел за производство на сувозаситена пареа
Работен притисок  од Pr=6 bar и Pr=8 bar
Капацитет од Q=0,3-2,3 MW
Димензија dØ =1400-2250mm

Тип BVV – Котел за производство на врела вода
Работен притисок  од Pr=6 bar  и Pr=8 bar 
Капацитет од Q=0,3-2,3 MW
Димензија dØ =1400-2250mm

Тип BTV – Котел за производство на топла вода
Работен притисок  од Pr=5,5 bar   
Дозволена температура Т=110°C
Димензија dØ = 1400-2250mm

Тип BNP – Котел за производство на пареа
Работен притисок  од Pr=0,5 bar 
Производствона пареа од 420-3330kg/h 
Димензија dØ =1400-2250mm

 
  Топпловодни котли

Топловоден котел тип TK 130-6000
Капацитет од Q=0,15-6,9 MW
Работна температура T=110°C

Топловоден котел тип BTK 100-2000
Капацитет од Q=0,1-2MW
Работна температура T=130°C

 
 

БОЈЛЕРИ

Бојлерите на ДMБ се изработуваат со погонски притисок од 6 bar, волумен V=800-10.000l и грејна површина од F= 1,7-18m2.
Приклучоците се изведени со цевни навои и со порабници за NP10, а греачите се изработени на начин кој овозможува загревање со топла вода 90°/70°, врела вода 130°/80° или пареа.
Бојлерите може да бидат внатрешни или надворешни, хоризонтални или вертикални, како и комбинирани во однос на начинот на загревање.
Во зависност од намената од внатрешната страна се заштитуваат со епоксидни премази што овозможува нивна употреба и во прехрамбената индустрија. Од надворешната страна се термоизолираат.

Наменети за стамбени згради, индустриски посторјки, перални, кујни и други објекти кои имаат потреба од топла вода, бојлерите може да бидат изработени и по мерка на клиентите, односно со поголеми работни притисоци.

 
  Вертикален бојлер со V=800-10.000l

 
  Хоризонтален бојлер V=800-10.000l

 
  Комбиниран хоризонтален или верикален бојлер
V=800-10.000l
Греачи од 1,5-54kW
По нарачка, можност за поголем работен притисок


 
 
 
 
 
НАШИ ПРОИЗВОДИ
 
Садови под притисок
Индустриски котли и бојлери
Резервоари за различни медиуми
Разменувачи на топлина
Данца
Филтри за преработка на вода