Парен котел BKG 80a Распределители на пареа со работен притисок од 12 bar Топловоден котел BTK 300 Блок котел BVP 500 за производство за сувозаситена пареа
 
Прехрамбена

Во областа на прехрамбената индустрија ДМБ е застапен со своите производи во следните гранки:

- Прехрамбена индустрија за преработка на месо и месни производи;
- Индустрија за млеко и млечни производи;
- Конзервна индустрија за преработка на градинарски производи;
- Индустрија за производство на пиво и сокови,
- Мелничко пекарска индустрија и сл.

За оваа индустрија, ДМБ ја произведува следната опрема:
  • Котловски постројки со комплетна пратечка опрема, парни, вреловодни, топловодни котли во зависност од побарувањата на инвеститорот;
  • Компресорски станици со комплетна опрема како резервоари за воздух, груби и фини филтри, колектори;
  • Системи за ладење со опрема како разни амонизирани ресивери, одделувачи на течност, колектори, системи за заштеда на енергија со дополнително искористување на енергија од испарениот амонијак и сл.
  • Системи за подготовка на санитарна топла вода, изработени од INOX – лим, како садови за подготовка на вода, бојлери, дупликатори, противструјни изменувачи на топлина
  • Системи за прифаќање и развод на нерафинирано масло со опрема како разни вертикални резервоари од INOX или црн лим, резервоари за одпадни маснотии, дегуминатори, хотвел резервоари, резервоари за перење и сл.
  • Цевни системи, поврзување разна опрема со INOX - цевки, црни безрабни цевки за разни проточни медиуми и работни притисоци со радиографија на заварените споеви.
  • Системи за одржување на притисок, хидрофори, експанзиони садови и сл.
  • Системи за хемиска подготовка на вода – јонски изменувачи со капацитет од 30m3/h.


Дел од нашите референци:

Клиент

 

Производ

 

Фотографија

         

СКОПСКА ПИВАРА
HEINEKEN GROUP
GREECE

 

Противструјни изменувачи за вода
Квадратни резревоари за складирање на база и вода

 

 

         

ДОБРА ВОДА, Кратово
МАКЕДОНИЈА

 

Котлара со 2x1800kg/h со комплетна опрема и поврзување

 

 

         

КОЖУВЧАНКА, Мрежичко
МАКЕДОНИЈА

 

Ремонт на котел BTK 250

 

 

         

МЛИН СТОЈЧЕВ БИТОЛА
МАКЕДОНИЈА

 

- Резервоар за мешање V=20m3;
- Меѓу резервоар V=10m3;
- Вертикален резервоар за отпадни маснотии V=3m3;
- Резервоар дегуминатор V=15m3;
- Хидрофор V=10m3;M
- Вертикален резервоар за компримиран воздух V=5m3;
- Резервоар Hotwell квадратна изведба V=20m3
- Резервоар за перење - квадратна изведба V=3m3;
- Сите производи изработени од јагленородни челици за процесната опрема

 

 

         

БЕСТ ФУД, Радовиш
МАКЕДОНИЈА

 

Ремонт на котел BPK 350

 

 

         

DOMATTI, Свети Николе
МАКЕДОНИЈА

 

Задна екранска комора за котел BKG 60a

 

 

         

ЦД-ФРУИТ, Царев Двор
МАКЕДОНИЈА

 

Задна екранска комора за котел

 

 

 
 
 
 
НАШИ ПРОИЗВОДИ
 
Садови под притисок
Индустриски котли и бојлери
Резервоари за различни медиуми
Разменувачи на топлина
Данца
Филтри за преработка на вода