DMB Production

Решенија за голем дел на индустриски сектори

Нашиот работен процес

Изработка на производи според индивидуалните потреби на клиентите

01.

Дизајн

Развој и дизајнирање на производите според специфичните потреби на клиентите.
02.

Kапацитет

Определување на капацитетот на производната линија за максимална ефективност.
03.

Намена

Приспособување на производите за конкретна индустрија или специфична употреба.
04.

Инсталација

Професионална инсталација
на системите.

Завршени проекти

Проекти во најава

DMB Production

Повеќе од 70 години искуство

Сертифициран производител на напредни индустриски решенија, специјализирани за процесната индустрија.

70

Години постоење

120

Вработени
Icon
Имате прашање? Контактирајте нè за повеќе информации!

DMB Production

Производи за различни индустриски сектори

Садови под притисок
realtime

Садови под притисок

ДМБ произведува садови под притисок, дизајнирани и произведени по мерка, кои се применливи во индустрии каде што е потребна високата отпорност на притисок.

Овие садови се користат во процеси за складирање и транспортирање на различни видови на горива и хемикалии, обезбедувајќи сигурност и долговечност.

Индустриски котли и бојлери
realtime

Индустриски котли и бојлери

ДМБ произведува индустриски парни, вреловодни и топловодни котли кои се стандардизирани и персонализирани.

Овие котли се погодни за сите видови течни и гасовити горива. Техничките карактеристики овозможуваат брза циркулација на водата, што ја оптимизира енергетската ефикасност и заштеда.

Резервоари за различни намени
realtime

Резервоари за различни намени

Резервоарите произведени од ДМБ се дизајнирани за различни индустриски намени како складирање на горива и хемикалии до вода. Овие резервоари се изработуваат од материјали кои обезбедуваат долготрајна отпорност на корозија и притисок.

Разменувачи на топлина
realtime

Разменувачи на топлина

ДМБ разменувачите на топлина се специјално дизајнирани за оптимизирање на топлинската ефикасност во индустриски процеси. Овие разменувачи можат да се користат како загревачи, ладилници и испарувачи во енергетските системи.

Нивниот пренос на топлина од еден медиум во друг ја зголемува енергетската ефикасност и намалува трошоците за енергија.

Филтри за преработка на вода
realtime

Филтри за преработка на вода

Филтрите за преработка на вода од ДМБ се наменети за различни индустриски процеси, обезбедувајќи чистење на водата со цел да се подобри квалитетот во производствениот процес. Овие филтри се високо ефикасни и се дизајнирани да траат долго време.

Песочни филтри за вода со проток Q=0,5-50 [m3 /h]

Јонски омекнувач со V=0,1-28 [m3 /h]

Успешни реализации со водечки партнери

ДМБ  е фабрика за производство на парни, вреловодни и топловодни котли, садови под притисок, процесна опрема, монтажа, реконструкција на стари инсталации од сопствено или друго производство и сервис на истите.

Steps Политика за стандардизирани процеси и сертификати за квалитет

Потврда за управување со безбедноста и здравјето со опсег на сертификација – Производство на котли, садови под притисок, резервоари и процесна опрема.

Сертификат со кој што се потврдува управување со процесите на заварување со опсег на сертификација – Производство на котли, садови под притисок, резервоари и процесна опрема.

Сертификат кој што потврдува дека системот за управување со квалитет со опсег на сертификација – Производство на котли, садови под притисок, резервоари и процесна опрема.

Сертификат кој потврдува дека системот за управување со животна средина со опсег на сертификација – Производство на котли, садови под притисок, резервоари и процесна опрема.

Почетна